Шест години откако ги направи првите чекори на меѓународната сцена, кинеската компанија Vivo официјално влезе на европскиот пазар. 

Vivo сега работи во Франција, Германија, Италија, Полска, Шпанија и Велика Британија, а првите уреди на европско тло ги предводи моделот X51 5G што всушност е ребрендираниот модел X50 Pro.

Освен споменатиот модел, претставени се и Y70 и Y20s од средниот сегмент, кои веќе некое време се достапни на другите пазари. Исто така, тука е сега и целосно новиот Vivo Y11s, кој е всушност основен модел, а доаѓа до Qualcomm процесорот Snapdragon 460, батерија од 5.000 mAh и 6,51-инчен HD+ LCD екран.

Кога се работи за флегшип моделот на европскиот пазар, тоа е моделот X51 5G достапен со исклучиво 8GB RAM и 256GB интерна меморија. Во Велика Британија веќе е достапен по цена од 749 фунти, односно околу 820 евра, а продажбата во останатите земји ќе почне наскоро. Засега нема прецизен датум, ниту цена. Моментно се водат разговори со различните оператори и дистрибутери ширум Европа со цел уредите на Vivo да бидат достапни до поголем број купувачи.

X51 5G доаѓа со 6,56-инчен AMOLED екран со фреквенција на освежување од 90Hz, а сензорот за отпечатоци од прсти е интегриран во дисплејот. Уредот доби Qualcomm Snapdragon 765G процесор, а го напојува батерија од 4.315 mAh, која поддржува 33W брзо жичано полнење. Уредот го користи оперативниот систем Android 10, но наскоро ќе биде достапна и надградба за Android 11.

Во Vivo се надеваат дека камерите ќе бидат адур за добра продажба. Тука е главната камера од 48 MP (f/1.6) со оптичка микро гимбал стабилизација, ултрашироката камера од 8MP, телефото со 8 MP со 5x оптички зум и оптичка стабилизација на сликата и камера за портрети од 13 MP (f/2.46).