Honor Magic4 Pro е најновиот предводник, кој кинеската компанија го носи на светскиот пазар, а уредот за прв пат беше претставен во февруари за време на саемот MWC.

Првиот пазар, надвор од Кина, каде што се појавува Honor Magic4 Pro е Обединетото Кралство. За време на официјалното објавување, претставен е паметниот часовник Watch GS 3, како и слушалките Earbuds 3 Pro.

Некои од премиум карактеристиките што го красат Honor Magic4 Pro вклучуваат чипсет Snapdragon 8 Gen 1, 6,81-инчен LTPO OLED дисплеј и поддршка за полнење од 100 W. Телефонот користи Magic UI 6.0, преку Android 12 и има поддршка за услугите на Google.

Системот на камерата на задната страна се состои од главен сензор од 50 MP, ултра широка камера од 50 MP и телефото камера од 64 MP 3,5x. Има поддршка за 100x дигитален зум. На предната страна се наоѓаат 12 MP + 3D Depth сензори.

Достапни се 8 GB RAM и 256 GB простор за складирање. Honor Magic4 Pro ќе се нуди во Cyan и Black варијанта. Сè се напојува со батерија од 4500 mAh, со гореспоменатата поддршка за полнење SuperCharge од 100 W и безжично полнење од 100 W.

Сега треба да почекаме достапноста на телефоните Honor Magic4 Pro и на другите пазари во Европа.