Honor View 20 (или Honor V20 во Кина) неодамна е претставен глобално, а сега се појави прво видео во кое телефонот е расклопен.

Видеото не води низ процесот на расклопување, прикажувајќи го речиси секој чекор. Откриено е лесно менување на батеријата, иако екранот и натаму е проблематичен – потребно е да се загрее за да се одвои. Видеото е корисно во случај да е потребно нешто да морате самите да замените, без обраќање во сервисот за поправка.

Исто така, видеото открива мала спроводна цевка за топлина, за која Honor говореше при претставување на смартфонот. Цевката е прилично мала во споредба со другите решенија за спроведување на топлината, кои досега сме ги виделе.