MacBook Air и MacBook Pro пристигнаа со нов M2 процесор кој беше претставен вчера со овие два уреди на овогодинешниот Apple WWDC настан.

Покрај софтверските подобрувања и новите ажурирања за macOS и iOS, Apple на вчерашниот настан WWDC претстави и хардверски ѕверови со M2 процесор.

Секако, ова е 13-инчен MacBook Pro кој не изгледа многу променет, а ќе биде достапен за јавноста следниот месец за 1.299 долари. Беше нагласено дека производството на Mac производи е забавено поради пандемијата на коронавирус.

Но, да се вратиме на карактеристиките на лаптопот MacBook Pro. Траење на батеријата до 20 часа, процесори со 8 и 10 јадра со 24 GB RAM и до два терабајти SSD меморија со активен систем за ладење се само дел од новитетите. Магичната тастатура со лента за допир се враќа. Предноста е новата 1080p HD камера, која според Apple носи многу подобар квалитет на сликата со M2 процесор.

Покрај верзијата Pro, претставен е и тенок MacBook Air, исто така со M2 процесор. Доаѓа во четири бои: space gray, starlight, midnight и silver. Цената на уредот ќе биде 1.199 долари, а Apple ќе продолжи да го продава и со претходната верзија на Air со M1 процесор, како што е случајот со MacBook Pro уредите со M1 процесор.

MacBook Air ќе се полни со полначите MagSafe на Apple, а има и две Thunderbolt порти. Според Apple, новиот MacBook Air зема 25 проценти помал волумен од неговиот претходник, со тежина од 1,22 килограми. Големината на дисплејот е 13,6 инчи.

Капацитетот на батеријата е 18 часа, а датумот кога ќе биде достапен за јавноста се уште не е познат поради локдаунот во Кина.