Facebook Messenger во новата објава подели новости за опциите кои сега се активни.

Групните разговори можете да ги стартувате помеѓу Messenger и Instagram контактите, а пристигнуваат и анкети за полесно одлучување за заедничките теми.

Како што порачуваат во објавата, и натаму ќе имате контрола над тоа кој може да ви испрати порака, како и кој може да ве додаде на листа разговори, кој мора да испрати барање и кој воопшто може да ве контактира.

Со оглед на тоа што групните разговори во време на пандемијата станаа незаобиколни, тие добиваат уште една функција – индикација за типкање за секое лице во групата.

Пристигнуваат и нови теми за Messenger, од кои се издвојуваа онаа за љубителите на астрологијата.