Издишената или дупнатата гума е еден од нјаголемите проблеми на модерниот живот. За научниците на НАСА, пак, дупната гума на возило кое е на Марс не само што е проблем, туку е потенцијална катастрофа. Нема некој што може да им помогне, ниту пак имаат резервна гума. За да се спасат од такви непријатности специјалистички тим на НАСА тргна во смела мисија да направи сосема нови гуми, пишува, Huffington Post.

Нивното решение е гумата Shape Memory Allow Tire, револуционерен производ кој не се дупнува, може да издржи неверојатно лоши услови и дури и кога ќе се оштети формата, повторно се враќа во нормала. Ова е иднината на возилата на Марс, на Месечината, па дури и на Земјата.

Научниците повеќе од една деценија работат на гумата и тестираат прототипови. Гумата е направена од испреплетени жици на легура од титаниум и никел, па затоа има неверојатни способности. Тимот може да направи форми кои можат да издржат екстремно силни удари, по што ќе ја променат формата и повторно ќе се вратат во провобитната состојба. Гумите ги тестираат во услови слични на површината на Марс. Сепак, засега фокусот е ставен на мисиите на Месечината и на Марс, па мала е веројатноста овие гуми набрзо да се најдат на нашите обични возила.