Фотографии од прототипот на претстојниот паметен телефон Pixel 7 Pro на Google се појавија во последните денови, а еден корисник на Reddit дури го купи преку оглас.

Претходно, прототипот на Pixel 7 беше понуден на eBay, а експертот за Android, Мишал Рахман, рече дека фотографиите од уредот се чини дека се направени со помош на друг прототип, Pixel 7 Pro, што се гледа во одразот на сјајниот заден панел. Лицето кое го купило Pixel 7 Pro преку оглас на Facebook мисли дека тоа е истиот уред што се користел за фотографирање на Pixel 7.

Google ги објави Pixel 7 и 7 Pro минатата недела и откри како ќе изгледа, но ништо повеќе од тоа бидејќи официјалното претставување се очекува во октомври заедно со Android 13.

Наводните прототипови не откриваат многу за тоа што можеме да очекуваме од новите модели, освен дека ќе има верзија со 256 GB внатрешна меморија и 12 GB RAM.

Клиентот рекол дека мобилниот телефон функционирал сосема нормално неколку дена, но изгледа дека наеднаш бил ресетиран и „избришан“. Ова не е изненадувачки бидејќи Google има начин да се заштити доколку некој уред исчезне.

Сепак, со оглед на традицијата, веројатно нема да помине долго пред да се појават новите детали за претстојните мобилни телефони на Google.