Производителот на видео игри Electronic Arts (EA) објави дека повеќе нема да ја произведува играта FIFA.
Оваа игра е еден од најсилните брендови во историјата на индустријата за видео игри. Една од причините зошто ЕА ја донесе оваа одлука е цената на лиценците.
Тие најавија дека ќе продолжат да прават фудбалски видео игри и дека од следната година ќе бидат објавени под името EA Sports FC.
EA ја објави првата игра на FIFA во 1993 година и оттогаш ја произведува. Се очекува гејмерското искуство да остане одлично, односно дури и да се подобри.
Играта FIFA имаше лиценцирани некои од најсилните фудбалски натпреварувања, вклучувајќи ги англиската, шпанската и германската лига.
FIFA 23 ќе биде последната FIFA во изданието на Electronic Arts, јавува Би-Би-Си.