Samsung во септември минатата година го претстави сензорот за камера ISOCELLL HP1 од 200 MP, но досега не го користел на ниту еден од своите телефони.

Додека чекаме детали за првиот Samsung телефон со сензор за камера од 200MP, од Јужна Кореја пристигнуваат информации дека компанијата развила нов сензор за камера од 200MP.

Се очекува овој сензор да биде имплементиран во телефонот Galaxy S23 Ultra, кој ќе биде претставен следната година.

Во извештајот се споменува дека 70% од новите сензори од 200 MP ќе бидат произведени од Samsung Electro-Mechanics, кој е оддел за камери на јужнокорејскиот гигант. Останатите 30% ќе ги произведува Samsung Electronics.

Нема многу информации за новиот сензор од 200MP за камери, но се очекува наскоро да почнат да се појавуваат повеќе детали.