И покрај тоа што важи за исклучително безбедна апликација кога станува збор за приватност, Telegram не е „безгрешна”, па и кај неа се случуваат пропусти.

Дираж Мишра, истражувач за компјутерска безбедност, откри дека десктоп апликацијата Telegram открива јавни и приватни IP адреси за време на гласовните повици.

Но, корисниците на мобилната апликација можат да ги исклучат овие повици и на тој начин да ја зачуваат тајноста на нивните податоци.

Оваа опција, сепак, не е достапна за корисниците ако Telegram ја користат на нивниот десктоп или лаптоп.

Корисниците се изложени на потенцијални напади, а нивната локација може да се открие без разлика колку се претпазливи.

„Телеграм“ го реши овој проблем со надградени верзии на апликацијата 1.3.17 бета и 1.4, кои овозможуваат или целосно исклучување на peer-to-peer повици или ги ограничуваат само кон кориснички контакти.

За своето откритие, Дираж Мишра доби 2.000 евра.

Извор: B92.net