За моделот на преклопување на iPhone се зборува долго време, но Apple се уште го нема лансирано. Сепак, се чини дека е направен чекор кон овој уред навистина да ја „види светлината на денот“.

Азиските медиуми пишуваат дека Apple почнува да произведува нов тип на OLED екран кој нема поларизатор, слој дизајниран да ја подобри видливоста/читливоста на екранот, но неговиот недостаток значи потенок екран кој е идеален за телефоните на преклоп.

Но, тоа не е гаранција дека Apple наскоро ќе претстави флип модел. За таков уред, покрај екранот, потребно е да се дизајнираат и други компоненти како што се шарки, куќишта и делови што одговараат на механизмите за преклопување. Клучниот чекор во создавањето на мобилен телефон е фазата на истражување и дизајн, во текот на која се произведуваат бројни прототипови и се подложени на тестови за да се утврди кој е најдобар.

Исто така, можно е новите екрани да се произведуваат само за да се тестираат на мобилни телефони кои ќе останат во „лабораторијата“ на Apple и никогаш нема да се најдат во продажба.

Сепак, фактот дека Apple произведува нов тип на екран за iPhone укажува дека има неколку прототипови на кои е фокусирана компанијата и дека проектот е во фаза на планирање.

Исто така, ова може да значи дека нема да треба да чекаме за „iPhone Flip“ до 2025 година, но засега ништо не може да се каже со сигурност.