Вниманието на децата на рана возраст најчесто е насочено звуците и светлината, при што тие можат лесно да станат зависни од употребата на мобилни телефони, компјутери или конзоли за играње.

Со цел да се ограничи времето што децата го поминуваат на телефонот, технолози од центарот “Никола Тесла“ развиле апликација со која се ограничува употребата на телефонот, а истовремено ги охрабрува децата да се вклучат во други активности.

Кога родителот се обидува да го ограничи користењето на телефонот на помалку од еден час дневно, тоа во кај детето се одразува негативно. Апликацијата NTC Green го менува сето тоа.

Апликацијата е креирана како дел од проектот за решавање на проблемот на хиперактивноста на децата. Таа го ограничува користењето на телефонот, а исто така ги охрабруваат да бидат активни.