Opera ја враќа својата VPN (виртуелна приватна мрежа) услуга во нешто поинаков формат.

Во 2016. година, компанијата Opera ја понуди бесплатна VPN апликација за Android, но оваа апликација беше укината минатата година. Меѓутоа, Opera наскоро ќе ја понуди бесплатната VPN услуга, но овој пат во склоп на прегледникот Опера за оперативниот систем Android.

Опцијата моментно се тестира и полека стигнува до корисниците на бета верзијата на браузерот. Кога корисникот ќе ја активира опцијата, може да ја избере виртуелната локација. Изборот не е широк како во случај на комерцијалната VPN услуга, но сепак е можно да се избере дали сакате да бидете виртуелно лоцирани во Европа, Америка или Азија. Важно е да се напомене дека компанијата не задржува никакви податоци за користењето.

VPN е важна алатка за секој што се грижи за својата приватност, бидејќи ги крие веб активностите на корисникот од интернет провајдерот, а некогаш може да послужи за користење услуги и пристап до веб-страници блокирани во земјата, од која е корисникот.

Opera веќе нуди бесплатен и неограничен VPN со својот десктоп браузер. Прегледникот за Android е можно бесплатно да се преземе тука.