Дали Европа и нејзината електроенергетска мрежа се подготвени за драстичен пораст на електрични автомобили на патиштата.

Повеќето ќе се согласат дека трендот на електрификација забрзува и дека електричните автомобили наскоро ќе преовладуваат. Дури и најголемите октанофили се свесни за електричната иднина, но многумина се прашуваат каква е другата страна на медалот.

Тука не се мисли само на проблемите во производството, екологијата од аспект на користење на ретки метали, туку и нешто сосема друго. Прашањето кое многумина го поставуваат е дали сите тие милиони електрични автомобили ќе може да се полнат. Денеска на европските пазари возат три милиони електрични возила, а веќе во 2035-та година би требало да има 135 милиони. Може ли тоа електроенергетската мрежа во Европа да го поднесе?

Според истражувањето на електроенергетско здружение “Eurelectric” и консултантски компании во ЕУ, европската електрична мрежа може да поднесе повеќе од 100 милиони електрични автомобили.

Ако погледнеме десетина година во иднината, на мрежата ќе мора да се спојат 65 милиони полначи, од кои 85 проценти во приватните домаќинства и 4 проценти во јавните простории. Веќе при 50-процентен удел на електрични автомобили неконтролирано полнење би можело да донесе до преоптоварување на локалната електрична мрежа. Поради тоа е неопходна интелигентна контрола на процесот на полнење.

Се препорачува дигитализација на електричните мрежи за да се предвиди и да се оптимизира однесување на купувачите за подобро да се дисперзираат ефектите на мрежата и побарувачката. Едно решение се системи за складирање на електрична енергија, посебно во градовите каде би можело да има оптоварување во време на голема побарувачка за електрична енергија.

Се сугерира дека подготовките се неопходни веќе денес и дека треба забрзано да се работи на интелигентно управување и ширење на мрежата на полначи. Во спротивно повторно би можело да дојде до проблеми слични на оние кога недостигот на гориво било секојдневие.

Има се повеќе земји кои и кажале не на нуклеарната енергија, а бидејќи јагленот е одамна непосакуван, прашање е дали може обновливите извори на енергија да обезбедат стабилност во снабдување на европскиот континент со електрична енергија.

Извор: Index.hr