Најголемиот гасен гигант во соларниот систем, Јупитер се најде на патот на астероид којшто го погоди, се наведува извештајот на Европската вселенска агенција (ESA).

Јупитер претставува најсилна гравитациска сила по Сонцето, така што на ударите не се вообичаена појава. Сепак, ваквите настани служат за да не потсетат дека, иако Земјата не е на патот на апокалиптичните астероиди, технологијата за нивното откривање мора да напредува за да не се разбудиме еден ден и да сфатиме дека е последен за човештвото.

На 13 септември Јупитер беше погоден од астероид, а настанот освен астронаути на ESA, го следеа и аматерски астронаути кои го забележаа блесокот од ударот. Научниците засега не се сигурни колку често Јупитер е цел на масивни и брзи објекти кои создаваат блесок видлив од Земјата, но се смета дека тоа се случува многу често, меѓу 20 и 60 пати годишно.

Да е Земјата во иста ситуација, нејзината површина би можела да изгледа значително поинаку.