Lenovo и Qualcomm на саемот Computex 2019 претставија прототип на 5G лаптоп со назив Project Limitless. Лаптопот работи на платформата Snapdragon 8cx 5G на Qualcomm и е прв преносен компјутер во светот, кој во себе го содржи модемот Snapdragon X55 5G, преку кој може да се поврзува на супербрзи 5G мрежи.

Платформата Snapdragon 8cx беше претставена во декември минатата година и доаѓа со осумјадрен процесор Kryo 495, кој работи на 2,8 GHz и е направена на 7nm архитектура. Има 10 MB кеш, поради што би требало да биде енергетски поефикасна од преходникот Snapdragon 850.

Од Lenovо изјавија дека уредот е дизајниран да ги задоволи сите потреби на корисникот во поглед на брзината, вклучувајќи брз пренос на податоци, стриминг во 4K, 8K, AR и VR содржини и видеоигри. Лаптопот би требало од прототип да премине во финален производ во текот на 2020 година.

Извор: Vidi.hr