Љубителите на гејмингот секогаш сакаат удобно да се сместат и да уживаат во своите игри, а еден од начините е секако столицата Cluvens IW-SK.

Столицата Cluvens изгледа како шкорпија и идеална е за гејмерите. Освен фантастичната удобност за горниот и долниот дел на телото, столчето има и странични потпирачи и може да носи еденултраширок 49-инчен монитор или три закривени монитори од по 27 инчи. Исто така, тука е и сталакот наменет за тастатура и глувче, а вградени се и HDMI/DP кабли за поврзување на мониторот.

Се работи за моделот за 2020. година, што има форма на шкорпија. Столицата е удобна и може да се подесува под агол до 170 степени. Подесувањето на столчето и сталакот се извршува електронски.

Цената на столицата изнесува 1.900 долари.