Промената доаѓа поради војната во Украина која ги принуди производителите на автомобили да го намалат капацитетот во некои европски фабрики

Војната во Украина доведе многу производители на автомобили во позиција да ги преиспитаат производните активности, па така, објавена е вест дека Volkswagen ќе го форсира производството во Кина и Северна Америка на штета на европскиот пазар.

Говорејќи за време на годишната прес-конференција на автомобилскиот производител, извршниот директор на Volkswagen, Херберт Дис, кажа дека VW ќе го зголеми производството во своите фабрики во Чатануга и Пуебла, Мексико, додека Audi ќе го зголеми производството во својата фабрика во Сан Хозе Чиапи, исто така во Мексико. Тоа значи дека ќе се зголеми производството на модели за американскиот пазар како Atlas, Atlas Cross Sport, Tiguan, Taos и Audi Q5.

Промената доаѓа поради војната во Украина која ги принуди производителите на автомобили да го намалат капацитетот во некои европски фабрики бидејќи дел од жиците за возилата се произведуваат (или се произведува) во Украина. Volkswagen, исто така, ќе ги пренамени чиповите, инаку наменети за Европа, во Северна Америка и Кина.