Извештајот на сајтот 91Mobiles споменува дека опциите за полнење за Google Pixel 6 уредите ќе бидат побрзи. Според изворот, забележано е дека Google користи 33W адаптери за полнење во своите канцеларии, а се претпоставува дека тие се наменети за Pixel 6 линијата. Во моментов, Pixel уредите поддржуваат само полнење до 18W.

Покрај тоа, страницата споменува дека е одложена објавата на телефонот со флексибилен екран на Google, но производителот може да го прикаже уредот за време на годинашниот Pixel 6 настан.

Google Pixel 6 и 6 Pro ќе пристигнат со редизајниран изглед, нов прилагоден чипсет наречен Tensor, надградба на камерата, а во пакувањето за новите уреди нема да се нудат полначи.

Pixel 6 серијата ќе користи ажуриран GN1 50MP и ќе има ултра-широка камера од 12MP. Само Pro моделот ќе има трета, телефото камера со сензор од 48MP и 4x оптички зум.

Не делат само уште неколку месеци од објавата на Google на Pixel 6, а во меѓувреме, компанијата оваа недела го претстави моделот Pixel 5a.