Компанијата Blue Origin успешно заврши уште еден суборбитален вселенски лет со екипаж.

На новото патување во режија на Blue Origin, шест патници отпатуваа на суборбитален вселенски лет како дел од мисијата NS-20.

Ракетата „Њу Шепард“ беше лансирана од Тексас во четвртокот, а десетина минути по лансирањето, екипажот се врати на Земјата.

Капсулата го забави слетувањето благодарение на падобранот и погонувачите и успешно слета.

Ова беше 20-ти вкупен лет во суборбиталниот простор за ракетата „Њу Шепард“ и четврти во кој учествуваше екипаж.

На првиот лет, на 20 јули 2021 година, директорот на Blue Origin Џеф Безос и уште три лица отпатуваа во вселената.