Биологот Пол Ерлих, кој веќе половина век предупредува на можна катастрофа, тврди дека колапсот на цивилизацијата е речиси неизбежен во наредните неколку децении, а ризикот континуирано се зголемува додека главната цел на економските и на политичките системи е постојаниот раст.

Тој опоменува дека оптималниот број на жители на Земјата е под две милијарди, а моментално на планетата живеат 5,6 милијарди луѓе над тој број.

Истовремено, животната средина е сè позагадена со вештачки хемиски соединенија кои од еколошки аспект би можеле да бидат поштетни дури и од глобалното затоплување, објави веб-страницата Факултети.

Во „Гардијан“, Ерлих предупредува дека мора да се запре претераното трошење ресурси и дека е неопходна прераспределба на богатството, но дека богатите луѓе што управуваат со светот нема да го дозволат тоа.

Истражувањето што го објавиле биологот и неговите соработници покажува дека на сите мора да им се даде „пристап до модерните контрацептивни средства и да се обезбедат права за абортус“, додека жените мора да имаат вистински еднакви права, плата и деловни можности.

Биологот се надева дека тоа доволно би го намалило бројот на новородени, а со тоа би се намалила и популацијата.

Дополнителен проблем е хемиското загадување, кое се раширило и во најзафрлените делови од светот.

„Имаме јасни докази дека токсините ја намалуваат интелигенцијата, а првата генерација што била непрекинато изложена денес се веќе возрасни луѓе“, напоменал Ерлих.

Извор: Факултети.мк / The Guardian