Шефот на британската компанија „Gravity Industries“, Ричард Браунинг, во Дубаи демонстрираше костим како оној на “Iron Man”, со кој можете да летате. Видеото од неговата демонстрација веќе е достапно и на социјалните мрежи.

Посетителите на изложбата GISEC имаа можност први да ги видат костимите одблизу. Со нив, можете да тргнете во исправена положба, а брзината и насоката на летот се контролираат со помош на рацете. “Iron Man” доаѓа во комплет со шлем на кој можете да го следите нивото на горивото, а има и сензор за безбедност на летот. Овој костим овозможува да развиете брзина од неколку стотици километри на час, затоа што е опремен со неколку мотори на керозин.