Royole FlexiPai 2 има еден голем екран, што се преклопува на средина за да се претвори од таблет во мобилен телефон за неколку секунди.

Кога минатата година малку познатата кинеско-калифорниска компанија Royole го пртетстави првиот флексибилен телефон на светот, многумина останаа изненадени. Нивниот смартфон ги престигна и многу познатите имиња како Samsung, Huawei и Motorola, но иако беше прв, не беше баш широко достапен.

Бидејќи во текот на годината баш и не се слушна за Royole, малку и се заборави дека токму тие го лансираат првиот флексибилен уред. Но, тоа не значи дека се откажаа од пнатамошниот развој и ја претставија втората верзија – Royole FlexPai 2.

Новиот FlexPai 2 донесува нови можности за интерфејс помеѓу човекот и машината, благодарение на бојата и светлината на најбогатиот екран за флексибилни телефони, истаканот е на претставувањето на уредот.

Од компанијата истакнаа дека ја тестирале флексибилноста на екранот, кој издржал повеќе од 1,8 милиони преклопи, а во конструкцијата на шарката се послужиле со материјали што се користат во производството на авиони и исклучително се издржливи. Благодарение на тоа, FlexPai 2 е можно да се постави под било кој агол за да се гледа содржината на екранот. Истакнуваат дека само за шрките регистрирале околу 200 патенти и со помош на нив ги решиле бројните проблеми што ги мачат флексибилните телефони.

FlexPai 2 има еден голем флекисбилен дисплеј што се преклопува на половина и тоа така што екранот останува од надворешната страна. Кога ќе се отвори, екранот има вкупна дијагонала од 7,8 инчи, што го сместува во ранг на таблет.

Четирите камери (широкоаголна од 16, главна од 64, селфи од 32 и дополнителна од 8MP) сместени се вертикално до работ на „предната“ страна, а како што истакнуваат од Royole, благодарение на нивната положба, корисниците можат да користат неколку едноставни начини на снимање фотографии.

Уредот поддржува брзо полнење преку USB-C порт и има батерија од 4450 mAh, ажуриран WaterOS заснован на Android 10, последниот Snaprdragon 865 процесор и подготвен е за 5G технологијата. Пристигнува во две верзии – со 8 односно 12GB RAM и 256 односно 512GB простор за складирање.