Oppo објави на почетокот на март најави дека нивниот претстоен мобилен телефон, Oppo K10 ќе користи мобилен чипсет од Dimensity 8000 серијата, што сугерира дека уредот најверојатно ќе има или Dimensity 8000 или Dimensity 8100 чип. Овој чипсет е наменет за мобилни телефони од средната класа и носи разумна потрошувачка на батерија со перформанси доволни за непречена секојдневна употреба.

Сега добивме повеќе информации за овој смартфон, па знаеме како ќе изгледа и каков ќе биде главниот модул на камерата. Уредот доаѓа во две бои, тиркизна и црна, а компанијата Honor овој дизајн го нарекува Glow Design. Смартфонот е конструиран од сјајни и мат детали за да овозможи поудобно чувство во рака.

На предната страна на телефонот се очекува punch hole модул за камера, додека системот на главната камера ќе има сензор од 50 MP. Од она што се уште може да се види на фотографиите, на долниот раб на телефонот има USB-C порт, како и звучник, микрофон и 3,5 милиметарски приклучок за слушалки.

Очекуваме дека ќе се појават уште некои информации за овој телефон до неговото објавување за нешто повеќе од една недела. Дотогаш, сето ова изгледа како стандарден уред од средна класа.