Есента ги живее своите најдобри денови – рапсодија на бои, мирис на печени костени, тиква и цимет. Моменти со најсаканите полни со насмевки и срамежлива еуфорија која крајот на есента полека ја наметнува.

Социјалните мрежи се преполни со огромен број фотографии од парк облечени во жолто портокалови бои, а неизоставен дел се и оние од романтичните вечери под ќебе придружени со звукот на крцкање на каминот, дебели чорапи и топло чоколадо. Да, секој совршен момент сакаме да остане запаметен, а нашите најшироки насмевки сакаме да ги види целиот свет. Што велите за пријател благодарение на кој секогаш ќе имате професионална фотографија? Ќе ви го откриеме рецептот за најдобриот сојузник за креирање спомени кој некогаш сте го имале. Запознајте се со уредите од серијата Samsung Galaxy, благодарение на кои вашите најсреќни и незаборавни моменти ќе останат овековечени засекогаш.

Спомените живеат засекогаш со неверојатната Samsung Galaxy S22 серија

Најдобрите собири и дружења се случуваат спонтано, а уживањето е уште поголемо кога одново ги прераскажуваме најубавите приказни. Најновата серија на паметни телефони Galaxy S22 ги оживува непланираните собири во секое време со својата практичност и едноставност. Моделите Galaxy S22, Galaxy S22+ и Galaxy S22 Ultra 5G  носат три задни камери и една предна камера за одлични селфи или видеа. Комбинацијата на камерата со ултра широк агол од 12 MP, широкоаголна камера од 50 MP што ја осветлува темнината, како и телефото камера од 10 MP со која далечното станува блиско, ќе ја направи вашата фотографија уште пореална. Покрај брзината на обработка на фотографии и видеа, серијата Samsung Galaxy S22 нуди издржлива батерија која може да трае и подолго од еден ден. Ако ви се испразни батеријата, таа ќе се наполни за само десет минути со помош на брзо полнење.

Апликацијата Camera Assistant ви овозможува да фотографирате по ваши услови

Секој страствен фотограф има свој стил на фотографирање, па затоа е од витално значење да имате камера што ви ги дава креативните узди. Со новата апликација Camera Assistant, можете да изберете кои автоматски функции сакате да ги користите за целосно приспособено искуство кога фотографирате. Апликацијата може да ја преземете или од Galaxy Store или од апликацијата Good Lock. Откако ќе се инсталира, можете да ја активирате функцијата со кликнување на иконата на апликацијата, навигација до апликацијата Good Lock или пристап до менито на „Camera Assistant“ под „Camera Settings“ во вашата стандарна апликација за камера.

Апликацијата Camera Assistant ви дава можност да вклучите или исклучите одредени функции, вклучително и Auto lens switching, Auto HDR и Faster shutter. Имате и повеќе опции кога, на пример, избирате број на слики што сакате да ги направите откако ќе се исклучи тајмерот.

Апликацијата Camera Assistant ви овозможува да уживате во следните клучни карактеристики:

Auto HDR: Ако сакате да добивате атмосферски слики без HDR ефект, сега можете едноставно да го исклучите, Soften pictures: можете да ја вклучите оваа функција за да ги измазните острите рабови и текстурите на вашите фотографии, Auto lens switching: Сега можете да ја исклучите функцијата за автоматско префрлување леќи, која автоматски ги менува леќите на фотоапаратот во темни средини или додека се приближувате до објектот што го снимате. На пример, ако сакате да продолжите да го користите телефото објективот наместо широкиот објектив за да фотографирате објект поблиску до вас, можете едноставно да го исклучите во менито. Video recording in Photo mode: сега можете да ја исклучите оваа функција, која ви овозможува да снимите видео клип со долго притискање на копчето во режимот Фото, спречувајќи не случајно да снимате видео. Number of pictures after timer: Веќе можете автоматски да снимите неколку фотографии брзо последователно по броењето на тајмерот. Сега, можете да изберете и колку фотографии ќе се направат (1, 3, 5 или 7 фотографии), Faster shutter: овој режим ви овозможува да фотографирате до седум слики во секунда. Ова е многу корисно кога фотографирате предмети што се движат.

Ноќна фотографија доведена до совршенство

Кога од прекрасната дневна светлина, на која добиваме совршено јасни и чисти фотографии ќе влеземе во ноќта, убавината на секој момент посакуваме да ја зачуваме во истиот квалитет како спомените од дневните авантури. За таа цел, Samusng ја создаде револционерната Nightography на овој телефон, функција која подразбира дури 23% поголем сензор во однос на претходните Galaxy уреди, како и Adaptive Pixel технологија која и овозможува на камерата да пропушта повеќе светло, сјајно да ги извлекува деталите и да носи поживописни бои на снимките и фотографиите, дури и при слабо осветлување.

Исто така, Galaxy S22 Ultra 5G има сензор на пиксели од 2,4um – наголем досега, што им овозможува на објективите на камерите да забележат повеќе светло и податоци, како и да ги оптимизираат светлината и деталите на видео снимките, па така секоја ваша фотографија ќе изгледа како да сте имале професионален фотограф до вас!

Уредувајте ги фотографиите како вистински професионалец

Со Galaxy S22 Ultra 5G професионалниот режим е однесен на повисоко ниво. Преземете ја Expert RAW за целосна контрола врз сликите, зачувувајќи ги RAW датотеките директно во Галерија. Фино приспособете ги кадрите на телефонот или испратете ги на компјутерот или таблетот и уредувајте на поголем екран. Или може да споделувате RAW датотеки директно на друг телефон за вашиот пријател да ги погледне. Со Director’s View користете го целиот систем со четири камери, истовремено снимајќи од повеќе агли и со селфи камерата и со задните камери. Потоа уживајте во својот игран филм или зачувај ги оригиналите за да направите верзија на режисерот. Благодарение на AI уредувањето, интелигентните додатоци на Галеријата ви овозможуваат да уредувате фотографии како професионалец. Object Eraser ги отстранува несаканите работите од фотографијата без сечење, а Photo Remaster ви дава моќ да ретуширате со леснотија.

Снимајте го Galaxy со астрофото во експертска RAW – Expert RAW ги подигнува веќе робусните можности за ноќно фотографирање на Galaxy S22 со моќната функција Astrophoto. Оваа сосема нова функција им овозможува на гледачите на ѕвезди и на ентузијастите на отворено да направат јасни и убави фотографии од соѕвездијата и активноста на темното небо. Едноставно вклучете го водичот за Sky за прецизно да ја одредите локацијата на соѕвездијата, групите ѕвезди, небула и другите небесни објекти во нашиот Сончев систем. Камерата ќе користи напредна технологија за сегментација со вештачка интелигенција и обработка на повеќе кадри засновани на движењата на небесно тело за фотографирање во одреден временски период. Како резултат на тоа, ќе снимите неверојатни снимки од ѕвезди кои изгледаат како да се снимени со врвна професионална опрема.

Ако сакате да ја истражувате вашата уметничка страна, можете да ја искористите одликата за повеќекратни експозиции за да фотографирате неколку слики одеднаш, а потоа да ги користите режимите за преклопување за да ги комбинирате во една снимка што се издвојува. Можете исто така да ја ослободите вашата креативност и да експериментирате со поставување на неколку слики една врз друга за да создадете неверојатни апстрактни снимки.

Место за сите ваши незаборавни моменти

Синхронизирајте ја својата галерија со OneDrive и уживајте во 6 месеци 100 GB меморија на OneDrive облакот со Galaxy S22 серијата. Шестмесечниот бесплатен пробен период за 100 GB меморија на OneDrive облакот е достапен за корисници кои купиле Galaxy S22, Galaxy S22+ или Galaxy S22 Ultra. Повеќе информации на следниот линк: https://www.samsung.com/mk/offer/one-drive-promo-2022/