Google почна да формира тим за развој на Augmented Reality OS, чиј фокус ќе биде на создавање на иновативен уред за зголемена реалност (AR).
Тимот ќе го предводи Марк Луковски, кој претходно работеше во Meta и е коавтор на оперативниот систем Windows NT.
Според огласот за работа на Google, тимот на Augmented Reality OS развива софтверски компоненти кои го контролираат и управуваат хардверот за производите на компанијата од Augmented Reality (AR).
Ова не е прв пат Google да размислува за развој на софтвер за AR. Компанијата претходно го создаде ARCore за Android и Tango. Google Glass моментно ја користи платформата Android.
Google веќе ги има оперативните системи Android, Chrome OS и Cast, а тука е и Fuchsia.
Компанијата сега планира нов оперативен систем, кој ќе работи на хардвер од следната генерација. Овој хардвер се очекува да има различни барања, како на пример секогаш да вклучува гласовни команди или гласовно препознавање.
Извор: B92.net
Поврзани артикли