Oppo и Kodak заеднички соработуваат на објава на нов премиум телефон, со две 50MP камери, како што се сугерираa извештаите претходно овој месец. Но, пред тој модел, споменатото партнерство ни го онесува Oppo Find X3 Pro во нова боја.

Новиот заден панел е сребрен, со црна кожа, што е дизајн карактеристичен за изгледот на класичниот Kodak 35 фото-апарат. Моделот на ознакат на стикерот го прикажува PEEM00, што е исто како кај оригиналниот Find X3 Pro телефон.

Во светот на телефоните, веќе има голем број партнерства помеѓу производителите на телефони и камери, а овие соработки ни испорачаа некои уреди со квалитетни камери. Тука се Huawei и Leica; Sony, Vivo и Nokia со Zeiss; OnePlus и Hasselblad.

Се очекува дека Oppo и Kodak ќе понудат слично корисничко искуство, а повеќе детали ќе дознаеме кога ќе биде претставен следниот модел од Find X серијата.