Централниот научноистражувачки институт на „Роспотребнадзор“ разви специјален тест за идентификување на новиот сој на коронавирусот наречен омикрон.

Централниот научноистражувачки институт за епидемиологија на „Роспотребнадзор“ разви тест за откривање на новиот сој на коронавирус „омикрон“, изјави началникот на надзорниот оддел Ана Попова на состанокот на президиумот на координативниот совет за борба против КОВИД, пренесува РИА „Новости“.

„За длабинска лабораториска диференцијална дијагностика, нашиот Централен научноистражувачки институт за епидемиологија на „Роспотребнадзор,“ од моментот на објавувањето на целосната секвенца на геномот, буквално за неколку дена веќе разви дијагностикум, тест-систем. Ова овозможува не само да се потврди дијагнозата, но и да се утврди припадноста на примерокот на коронавирус на овој сој (омикрон)“, рече Попова.

Извор: Russia Beyond