Компанијата Google денеска претстави неколку нови производи. Покрај долгоочекуваниот Pixel 5 смартфон, беа објавени уште три нови уреди – Google Pixel 4a 5G, Google Nest Audio и новиот Google Chromecast/TV.

Google Pixel 5

Како што беше откриено и претходно Google Pixel 5 нема да биде полнокрвен флегшип модел, туку повеќе премиум mid-range телефон. Pixel 5 има 6 инчен AMOLED екран со FHD+ резолуција и стапка на освежување од 90Hz, како и отвор за 8MP селфи камера. Дисплејот на Pixel 5 има зачудувачки тенки рамки и тоа од сите страни. На задната страна, Pixel 5 ја крие истата камера што ја имаше Pixel 2 моделот, а тоа е 12,2MP главна камера, која работи со алгоритмите на Google, а овој пат тука е и 16MP широкоаголна камера. Главната камера има OIS, а и покрај послабиот чип може да снима 4K видео во 60FPS.

Под хаубата, Pixel 5 има Qualcomm Snapdragon 765G процесор и 8GB RAM и 128GB интерна меморија, што не е проширлива. Присутна е и поддршка за 5G мрежи, а за автономијата ќе се погрижи 4000mAh батерија со поддршка за 18W брзо полнење. Pixel 5 има IP68 сертификат за отпорност на вода и прашина, а се врати и класичниот сензор за отпечатоци од прсти на задната страна. Официјалната страна на Google Pixel 5 изнесува 700 долари во САД и 630 евра во одредени земји на Европа.

Google Pixel 4a 5G

Првиот од двата смартфона што беа претставени е Google Pixel 4a 5G, што претставува помоќна варијанта од Pixel 4A моделот. Pixel 4A 5G е всушност поголем уред од Pixel 5, но нешто послаб според одредени спецификации. Поседува 6,2-инчен AMOLED екран со стапка на освежување од 60Hz и FHD+ резолуција. Pixel 4A 5G, исто така, има Qualcomm Snapdragon 765G, но со него доаѓаат 6GB RAM и идентичен 128GB простор за складирање. На задната страна 4A 5G има 12.2MP главна камера и 16MP широкоаголна камера како и Pixel 5, а во отворот за селфи камерата се наоѓа 8MP сензор, што значи дека е идентичен на поскапиот модел.

За разлика од Pixel 5, Pixel 4A 5G има 3,5 мм влез за слушалки, но иако е физички помал, има помала 3800mAh батерија, што се полни со 18W брзо полнење. Pixel 4A 5G нема IP сертификат за отпорност на вода и прашина и задната страна му е направена од пластика, а не од стакло како кај Pixel 5. Класичниот сензор за отпечатоци од прсти и натаму е присутен, но не поддржува безжично полнење кое може да се најде кај Pixel 5.

Цената на Google Pixel 4A 5G изнесува 500 долари во САД, но и 500 евра (што не е баш еквивалентно) во европските земји во кои ќе биде достаоен. Првите испораки на новите Pixel модели почнуваат на 16. ноември.