Се очекува дека Galaxy Tab S8 серијата на Samsung ќе дебитира некаде во јануари заедно со Galaxy S22 серијата и веќе видовме доста протекувања на информации за тоа што можеме да очекуваме во однос на спецификациите и дизајнот. Најновите информации доаѓаат од листата на Geekbench за Galaxy Tab S8+ што потврдува дека овој уред го користи најновиот Qualcomm Snapdragon 8 Gen 1 чипсет.

Уредот ја носи идентификацијата SM-X808U и успеа да достигне 1.223 поени со едно јадро, додека резултатот од тестот со повеќе јадра изнесува 3.195 поени. Можеме да забележиме и дека уредот донесува 8GB RAM и го покренува Android 12 веројатно со One UI 4 на врвот. Се очекува дека Tab S8+ да има 12,4-инчен AMOLED панел од 120 Hz и батерија од 10.090 mAh.

Ќе служи како средна опција во Galaxy Tab S8 серијата на Samsung, која ќе го вклучува 11-инчниот Tab S8 и флегшип моделот Tab S8 Ultra со екран од 14,6 инчи.