Станува збор за 27-инчен ТВ уред LG StandbyME кој може да работи и без да го приклучите во струја, благодарение на неговата батерија. Може да го поместувате брзо и лесно.

StandbyME може да работи со помош на батеријата до три часа, а потоа ќе биде потребно повторно да ја наполните батеријата. Може да изгледате еден филм без проблеми.

LG не произведува 27-инчни ОLED паели, така што станува збор за LCD екран. Засега нема информации за резолуцијата и други спецификации.

Телевизорот поседува екран чувствителен на допир, како и стриминг апликации како што се Netflix, Amazon Prime Video и YouTube.

Што се однесува до звукот, тука е интегрирано озвучување од 80W.

Cè уште не се објавени цените и датумот на продажбата, а овие информации се очекуваат наредниот месец.

Извор: Klix.ba