Уредот за виртуелна и проширена реалност на Apple би можел да биде создаден за краткотрајни виртуелни искуства, но веројатно нема да го видиме на дело пред 2023 година.

Според информациите, компанијата не планира агресивно да влезе на овој пазар, па ќе претстави уред кој е многу скап и ќе биде достапен во ограничени количини по пуштањето.

Аналитичарот Минг-Чи Куо тврди дека Apple ќе пласира само 1,5 милиони од својата прва генерација VR/AR уред и верува дека уредот ќе се појави во текот на следната година.

Според Kuo, новиот уред нема да се појави најрано до јануари 2023 година, а ќе чини 2.000 долари, што го прави еден од најскапите VR уреди на пазарот.

Претходните извештаи сугерираа дека VR/AR уредот на Apple ќе има спецификации еквивалентни на M1 MacBook Pro, како и дека ќе биде многу лесен и покрај неговите 8K дисплеи, големиот број камери и други елементи.

Се посочува дека Apple планира да се фокусира на скап уред, со ограничена достапност, за да го „почувствува“ пазарот и да утврди каде има побарувачка за вакви модели на VR уреди.