Мешањето на приватниот и професионалниот живот носи сериозни последици кога сте на чело на една од најголемите технолошки компании во светот. Ова го илустрира следниов пример.
Во декември 2025 година, „Nvidia“ доби одобрение од Белата куќа за продажба на AI чипови H200 на одредени клиенти во Кина, при што беше наметнат данок од 25 отсто. Сега, тој извоз е запрен.
За време на неодамнешниот разговор со инвеститорите, Колет Крес, која раководи со „Nvidia“, изјави дека компанијата „го запира извозот на чипови H200 во Кина“.
Иако не беше дадено официјално објаснување за овој потег, прилично е јасно дека тој е поврзан со неодамнешните романтични авантури на Џенсен Хуанг, првиот човек на „Nvidia“.
Џенсен Хуанг бил во романтична врска со Алис Хуанг – личност поврзана со кинеската фирма „Megaspeed“, а уште поважно, и со шпионажа во корист на кинеската држава.
Според „Ројтерс“, околу 600.000 чипови наменети за клиенти во Кина моментално се „замрзнати“ во складиште во Хонгконг. Останува да се види дали – и кога – тие би можеле да бидат „ослободени“.
