Apple ќе креира сопствена конзола за видеоигри, дознава порталот WCCFTech.

Гејмингот е сериозна индустрија веќе над 25 години, а Apple сака да навлезе во неа и да направи сопствена конзола.

Конзолата би требало да биде слична на Nintendo Switch и компанијата веќе работи на неа, пренесува добро информираниот портал WCCFTech.

Apple би се сконцентрирал на графиката и на кулерот во конзолата – приоритетот му е овие две ставки да бидат на највисоко можно ниво.

Компанијата засега работи на неколку конзоли истовремено. Целта на Apple е и да  воспостави соработка со Ubisoft, се наведува во текстот.