Apple најави дека ќе одржи уште еден настан пред крајот на годината, каде најверојатно ќе видиме нови Mac уреди и M3 чипот.

Овој настан е наречен Scary fast „Застрашувачки брз“ поради Ноќта на вештерките, а е закажан за 31 октомври во 02:00 часот по наше време. Имаше многу гласини за новиот iMac, заедно со новите модели на MacBook Pro, а видовме и бројни извештаи за чипот M3 или дали тој ќе биде претставен.

Еве брз преглед на она што (веројатно) доаѓа.

М3 чип

Веројатно не е случајно што Apple го објави настанот истиот ден кога Qualcomm’s X Elite за компјутер исто така беше објавено дека е 50% побрз од чипот M2.

Силиконските чипови од серијата М на Apple се пофалени за нивната моќ и ефикасност, па Qualcomm имаше тешка задача пред него. Затоа сега очекуваме „јаболкото“ да возврати.

iMac (M3, 2023)

Apple го редизајнираше iMac 2021, и иако не нуди толку голем екран како што некои очекуваа, генерално дизајнот е на задоволително ниво.

Се очекува Apple да претстави нов iMac напојуван од чипот M3, а гласините сугерираат дека основниот модел ќе нуди осум-јадрен процесор и десет-јадрен графички процесор, исто како и основниот M2 чип. Постојат некои гласини за поголем iMac со 32-инчен екран, но тој најверојатно ќе пристигне следната година, пишува Pocket Lint.

MacBook Pro (M3, 2023)

Извештаите сугерираат дека можеме да видиме и надградени MacBook Pro модели на настанот за Ноќта на вештерките.

Се тврди дека моделите од 14 и 16 инчи, кои беа надградени претходно оваа година со чиповите M2 Max и M2 Pro, сега ќе добијат уште побрзи M3 Max и M3 Pro, заедно со поефикасни Mini-LED дисплеи.