Huawei P50 и P50 Pro моделите дебитираа во текот на летото, но сега трет, повозбудлив член ќе му се придружи на семејството, според најновите гласини на интернет. Флексибилниот уред, за кој претходно верувавме дека ќе биде лансиран како Mate V ќе се вика Huawei P50 Pocket и ќе излезе на 23 декември.

Ќе има преклопен облик кој е сличен на Galaxy Z Flip3 и Motorola Razr.

Претходно слушнавме повеќе извештаи за телефонот, вклучувајќи фенси 3D рендери со голем екран и две вертикални камери.

Huawei го нарекува новиот телефон „зимски флегшип“ и очекуваме некои иновации бидејќи компанијата никогаш не го лансираше телефонот толку доцна во годината. Гласините укажуваат на цевка за ладење која може да се свиткува и да даде подобри перформанси преку подобрено управување со топлината.

Очекуваме да видиме и дали телефонот ќе има Kirin 9000 чипсет или Huawei ќе избере Snapdragon чипсет.