Кога станува збор за екраните, има корисници кои сакаат заоблени екрани, но има и такви на кои воопшто не им се допаѓаат, жалејќи за секој премиум телефон што има вдлабнати рабови. Според најновиот извештај, Galaxy S22 и S22+ моделите на Samsung би можеле да ги избегнат закривените рабови во корист на рамните екрани, што на некои ќе им се допадне, но може да донесе и намалена цена.
Покрај рамните екрани, се вели дека Galaxy S22 и S22+ имаат и „симетрични рамки“, што би требало да значи дека рамките се со иста големина од секоја страна, како што објави познатиот дојавувач Ice Universe на Twitter.
S22 and S22 + look like iPhone 13 without notch. The front and rear are flat and symmetrical bezel
— Ice universe (@UniverseIce) October 26, 2021
Ниту еден S22 модел не би требало да има засек или punch-hole отвори, што значи дека може да имаат камера сензори под екранот, како оној што се користи на Galaxy Z Fold 3. Спротивно на ова, првите рендери што протекоа на Galaxy S22 Ultra го прикажуваат телефонот со punch-hole отвор на горниот дел на екранот, како и покоцкаста естетика и вграден слот за S Pen што потсетува на Galaxy Note серијата.
Имаме уште најмалку три месеци пред Samsung да ја претстави Galaxy S22 серијата, а веројатно и подолго, бидејќи Galaxy S21 FE наводно е одложен до јануари 2022 година, па во меѓувреме очекувајте повеќе вакви неофицијални информации.