Apple можеби работи на помала и поевтина верзија на iPhone 11 телефонот за 2020. година. Аналитичарот Минг-Чи Куо, кој е познат по своите предвидувања и прогнози на случувањата во Apple екосистемот, се очекува дека компанијата од Купертино ќе објави таканаречен iPhone SE2 кон почетокот на следната година.

Телефонот би требало да има A13 чипсет, 3GB LPDDR4X меморија, а сето тоа во физички формат на iPhone 8. Куо сугерира дека iPhone SE2 ќе го задржи 4,7-инчниот екран кој го има iPhone 8.

Секако, iPhone SE2 сигурно ќе биде поевтин отколку iPhone 11. Своевремено iPhone SE беше продаван по цена од 399 долари, а доколку SE2 се појабви по иста цена, би бил 50 фолари поевтин од iPhone 8 моделот.

За да се задржи поевтина цената, камерите на овој модел нема да бидат на нивото на она што го нуди iPhone 11 линијата, а би го задржал и Home копчето од iPhone 8 моделот наместо да премине на форматот со full display со Face ID.

Apple го објави iPhone SE во март 2016. година и сличен период на објава го очекува и iPhone SE2, а Куо верува дека телефонот ќе се појави во текот на првото тримесечје од следната година.