Како што предвидуваат аналитичарите, компанијата Apple наредната година ќе претстави три нови iPhone телефони.

Apple наводно следната година ќе претстави два нови iPhone смартфони со OLED екрани, односно со LCD екран. iPhone X, кој се најде во продажба овој месец, е првиот iPhone кој користи OLED технологија.

Оваа технологија овозможува побогати бои и помала потрошувачка на енергија.

Еден од новите смартфони би требало да има 5.8 инчен OLED екран, кој го поседува и актуелниот iPhone X, но другиот ќе биде со поголем 6.5 инчен екран.

Apple моментално ги продава Plus моделите на iPhone 8 со слични компоненти во однос на стандардните, но со поголеми екрани.

Уредите кои треба да пристигнат се очекува да бидат слични на актуелниот iPhone X.

Системот за препознавање на лица ќе биде сличен како и овогодинешниот дизајн, а Apple би можел да понуди и модел со 512 ГБ интерна меморија.

Аналитичарите веруваат дека задната камера на следните iPhone смартфони нема да има 3Д способности.

Третиот смартфон ќе има исти edge to edge дизајн како и Iphone X, но ќе добие поевтин LCD екран.

Поевтиниот iPhone ќе го користи системот на Apple за препознавање на лица, односно своето место ќе го пронајде во „средниот сегмент“, што значи дека ќе чини меѓу 650 и 900 долари.

Извор: Klix.ba