Претставувањето на OnePlus 8T телефонот е закажано за 14. октомври, но изгледа дека за оваа презентација се планирани многу повеќе новитети. Според наводите на дојавувачи, покрај 8T смартфонот не очекуваат уште пет доплонителни OnePlus производи.

Се очекува дека меѓу нив ќе бидат достапните Buds Z TWS слушалки, OnePlus Watch, како и powerbank. Се споменува и еден производи што е во врска со аудио опремата, како и достапниот OnePlus Clover

Истовремено, Изврниот директот на OnePlus, Пит Лау објави повеќе детали за новата 65W Warp Charge технологија. Новиот полнач ќе биде поголем од претходниот Warp Charge 30T модел, а ќе се префрли од USB-A на USB-C. Warp Charge 65 ќе биде компатибилен со 45W Power Delivery.

OnePlus 8T ќе има 4500mAh батерија, поделена во две ќелии од по 2250mAh. Според наводите, новиот 65W полнач за 15 минути ќе го наполни телефонот до 58 проценти, додека до врв го полни за 39 минути.