Кога станува збор за екраните, има корисници кои сакаат заоблени екрани, но има и такви на кои воопшто не им се допаѓаат, жалејќи за секој премиум телефон што има вдлабнати рабови. Според најновиот извештај, Galaxy S22 и S22+ моделите на Samsung би можеле да ги избегнат закривените рабови во корист на рамните екрани, што на некои ќе им се допадне, но може да донесе и намалена цена.

Покрај рамните екрани, се вели дека Galaxy S22 и S22+ имаат и „симетрични рамки“, што би требало да значи дека рамките се со иста големина од секоја страна, како што објави познатиот дојавувач Ice Universe на Twitter.

Ниту еден S22 модел не би требало да има засек или punch-hole отвори, што значи дека може да имаат камера сензори под екранот, како оној што се користи на Galaxy Z Fold 3. Спротивно на ова, првите рендери што протекоа на Galaxy S22 Ultra го прикажуваат телефонот со punch-hole отвор на горниот дел на екранот, како и покоцкаста естетика и вграден слот за S Pen што потсетува на Galaxy Note серијата.

Имаме уште најмалку три месеци пред Samsung да ја претстави Galaxy S22 серијата, а веројатно и подолго, бидејќи Galaxy S21 FE наводно е одложен до јануари 2022 година, па во меѓувреме очекувајте повеќе вакви неофицијални информации.