Samsung објави две официјални промо видеа за својот претстоен кориснички интерфејс на Android – One UI 4. Бета верзиите веќе некое време се достапни за јавноста во неколку земји, а ние засега сè уште сме во бета 3 фаза. Конечната верзија се очекува да биде објавена во следните неколку недели, па не е изненадување што Samsung ќе креира вакви видеа за да ја популаризира новата генерација на својот кориснички интерфејс.

Првото видео започнува со фокусирање на еволуцијата на скиновите од One UI 2, поминувајќи низ некои повратни информации од корисниците – што нè води до главното тврдење, а тоа е дека One UI 4 е направен според преференциите на корисникот. Флексибилноста исто така игра улога, како и виџетите (сега со заоблени агли) и темниот режим за иконите на апликациите.

Постојат и многу други работи кои се покриени, но можеби и главниот развој доаѓа на крајот на видеото, кога Samsung гордо објави дека ќе направи лаптопите да добијат дел од ова преку One UI Book 4. Како што сугерира името, тоа во суштина е специјална верзија на UI за лаптопи.

 

Не можеме да кажеме дека претходно препознавме дека ова пристигнува, но главното прашање е – дали навистина може да донесе подобрување на корисничкото искуство за купувачите на лаптопите  на Samsung? Во второто видео, кое ни доаѓа од GSM Arena, компанијата навлегува во малку повеќе детали во врска со прилагодувањата вградени во One UI 4, како и разните алатки поврзани со фотографии и брзо споделување на работите на вашиот Samsung лаптоп.