Новата VR PC апликација, Spaces им овозможува на корисниците да им се приклучат на Zoom конференциските и други состаноци преку виртуелната реалност (VR).

Апликацијата е развиена во екот на COVID-19 пандемијата, која ги остави луѓето да работат од своите домови или преку алатите за виртуелни состаноци, каков што е Zoom. Spaces му овозможува на корисникот во текот на разговорот да ја мести својата виртуелна камера и бела табла.

Оваа апликација е можно да се преземе за PC VR и лесна е за инсталација. VR корисникот е ставен во опкружување со виртуелна бела табле и маркери, заедно со виртуелната камера. Кога повикот ќе почне, останатите луѓе во видео повикот вообичаено се пријавуваат. Меѓутоа, оној кој се пријавува во VR со помош на виртуелна веб-камера е прикажан како VR камера.

Програмерите наведуваат дека софтверот е успешно тестиран со апликациите како Zoom, Google Hangouts, Facebook Messenger и Skype.