„СкајВју“ е бесплатна апликација за зголемена реалност, која е достапна и за корисниците на „ајфон“ и „Андроид“ и им помага на учениците да идентификуваат ѕвезди и констелации. Со инсталирањето на апликацијата учениците можат да ги насочат своите телефони кон небото и да погледнат идентификување на констелации на своите екрани. Исто така, може да се идентификуваат планети, сателити и некои индивидуални ѕвезди.

Оваа апликација се издвојува од другите бидејќи со функцијата „патување низ времето“ ќе можат да видат како небото изгледало порано и кои констелации и други објекти ќе се појават во идните ноќи.

Апликацијата може да се користи и од страна на наставниците, за повизуелно да им го пренесат знаењето на своите ученици. Потоа, на учениците може да им се зададе домашна задача заедно со своите родители да идентификуваат некои од констелациите за кои учеле на часот.

Извор: Fakulteti.mk