Австриски астронаути учествуваат во експеримент кој подразбира симулација живот на Марс.

Станува збор за програмата AMADEE-20 Mars Simulation која почна на 11 октомври, а се одвива во израелската пустина Негев, оддалечена четири часа од Ерусалим.

Израелската вселенска агенција испрати шест астронаути во пустина, симулирајќи живот под услови на Марс. Тие се дел од обучен екипаж под водство на португалскиот инженер Жоао Лусад. Заедно ќе извршат околу 20 експерименти фокусирани на биологија, медицина, психологија и

Истражувањето претставува соработка од 200 истражувачи од 25 различни земји.

Астронаутите носат специјални одела дизајнирани за мисија, а ќе бидат изолирани неколку недели во купола во близина на кратерот Рамон во Израел. Ќе се користи само соларна енергија.

Во иднина, експериментите извршени во текот на овој проект би можеле да доведат до патување на Црвената планета. Досега имало слични истражувања, но Амаде е далеку технолошки најнапредна од сите нив.

Извор: Klix.ba