Tesla Gigafactory, нова фабрика за електрични автомобили, беше отворена минатиот месец во близина на Берлин. Тесла сега објави многу атрактивна видео обиколка низ целата фабрика, снимена со дрон

Првата и единствена фабрика на Тесла во Европа, онаа во Берлин-Бранденбург, е и нивната најнапредна, најефикасна и еколошки одржлива фабрика во светот. Првите автомобили од таму пред нешто помалку од две недели на клиентите им ги предаде лично Илон Маск.

Гигафабриката во Берлин, штом ќе го достигне целосниот производствен капацитет, ќе склопува до половина милион автомобили годишно и ќе вработи до 12.000 луѓе. Дополнително, таму ќе се произведуваат батерии, со вкупен планиран капацитет од околу 50 GWh годишно, што е повеќе отколку што сега произведуваат сите други фабрики за батерии во Германија.

Сето ова ќе се одвива под еден покрив на фабриката, специјално дизајниран да ги задоволи специфичните потреби на Тесла. Во рамките на оваа фабрика работат и погони за производство на метални делови, преси и машини за леење, погони за производство и монтажа на погонски системи, линии за бојадисување, производство на седишта и на крајот за финална монтажа.

Вкупно, инвестицијата беше вредна околу 4 милијарди евра.

Отсега можете подетално да го погледнете сето горенаведено, во многу атрактивно видео кое Тесла го објави на социјалните мрежи. Во него, дронот на компанијата Skynamic поминува низ речиси сите делови на фабриката, влегува практично во производствената лента додека е во движење, лета низ разни преси и роботски раце, па дури и полупроизводи автомобили и сето тоа го снима камера во прв лице – за да можеме сите да уживаме во овие сцени и да се восхитуваме на вештината на пилотот.