Microsoft одлучи да направи промени во Paint и да го олесни користењето.

Во Microsoft сметаат дека премногу го искомплицирале користењето на Paint и сега ќе бараат повторно да го поедностават, како што тоа беше некогаш.

Новиот Paint, се разбира, ќе го видиме на оперативниот систем Windows 11.

Undo и redo сега ќе бидат веднаш до file и view“опциите на самиот врв, а стариот toolbar повеќе нема да биде таму.

Тие одлучија да создадат нов распоред на опции и на тој начин да го олеснат користењето на Paint.

Поентата е да се олесни Paint за обичните корисници, кои не се занимаваат со дизајн и други покомплицирани работи, бидејќи што и да прават, сигурно не работат во Paint.

Paint отсекогаш беше за забава и сега Microsoft сака да им ја врати на корисниците.

Ќе ги поедностави работите, но нема да промени ништо посебно, но и тоа е нешто.

Извор: B92.net