Honor во јуни го претстави X20 SE телефонот, а уште еден член на X20 линијата ќе претстави на 12. август. Тоа ќе биде Honor X20.

Покрај објавата на датумот на претставување на телефонот, Honor објави и фотографија со која се потврдува дизајнот за X20. Телефонот има три камери на задната страна, со главен сензор од 64MP, додека во екранот има punch-hole отвор за селфи камерата во горниот лев агол.

X20 ќе биде достапен во најмалку две бои, а од десната страна на рамката е видлив сензор за отпечатоци од прсти и копче за јачина на звук, што укажува на LCD панел. Меѓутоа, за ова ќе треба да ја почекаме официјалната објава на смартфонот, бидејќи и претходно можевме да видиме телефони со AMOLED екран и сензор за отпечатоци од страна на рамката.

Honor не ја откри дијагоналата на екранот или резолуцијата, но истакна дека дисплејот ќе има стапка на освежување од 120Hz.

Кинеската компанија потврди 5G конекција, полнење од 66W и чипсет од 6nm што ќе го покренува телефонот. Honor може да објави некои повеќе детали за X20 во наредниот период, како што ќе се приближуваме до официјалната најава.