Почнувајќи од денес, луѓето во Колумбија ќе можат да создадат свој профил за онлајн дејтинг на Facebook, а веројатно, ваквата опција наскоро ќе биде достапна и за корисниците од други земји.

Иако можеби одлуката ваква апликација најпрво да се воведе во Колумбија, изгледа чудна, од Facebook велат дека тоа е одличен избор бидејќи луѓето таму целосно го прифаќаат онлајн дејтингот, а социјалната мрежа има 30 милиони активни корисници.

Притоа, со ваквиот избор се ограничува љубопитноста на новинарите кои неуморно ги ловат грешките на оваа социјална мрежа, а се минимизира и просторот за маркетинг грешки кои сериозно би ги погодиле финансиите на Facebook доколку се случат во друга земја, каде што на реклами се вртат стотици милиони долари.

Сепак, познавачите предупредуваат дека со ваквата мрежа за состаноци, Facebook ќе добие изобилство податоци за личните навики и вкусови на корисниците кои ќе ги користи под изговор за пронаоѓањ совршен партнер.