Според најновиот извештај на аналитичарот Минг-Чи Куо, Apple барал начини да ги намали производните трошоци на iPhone 12 линијата, за да ги надомести трошоците настанти со додавање на 5G поддршка во новите телефони. Според наводите, трошоците за додавање на sub-6 5G поддршк на iPhone чинат до 85 долари, додека додавањето на mmWave 5G поддршка би можело да чини 135 долари.

Apple врши притисок на своите снабдувачи за да проба да ги намали трошоците на деловите и ќе користи поедноставни модели на батериите во iPhone 12 серијата за да надокнади некои од дополнителните трошоци.

Наводно, спецификациите на плочите за батериите за iPhone 12 имаат намален број на слоеви и помалку области, што би обезбедило помеѓу 40 до 50 проценти намалување на трошоците во однос на iPhone 11. Apple целосно ќе се откаже од hard board дизајнот на батериите и ќе имплементира само soft board батерии.  Ова наводно нема да влијае на крајното корисничко искуство.

И покрај зголемените трошоци на додавање на 5G поддршка во iPhone 12 линијата, Apple сака цената да ја задржи како кај iPhone 11 серијата, за да ја задржи добрата ситуација со продажбата во периодот по пандемијата на коронавирусот.